На 29..09.2021 околу 18.30 часот на улица „Славеј Планина“ во Струга, полициски службеници од полициската станица од Струга ги приведоа и од слобода ги лишија М.А.(28) и М.И.(33), двајцата од Дебар, затоа што кај нив е пронајден хероин.
-По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.-информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари