Во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од Полициската станица од Струга реализираа превентивна активност под мотото „Слави со срце, не со оружје“, што МВР ја реализира во соработка со УНДП.

На подрачјето на Полициската станица во Струга, во Општина Струга, полициските службеници во разговори со граѓаните укажуваа на сите опасности и штетни последици од ова незаконско поведение.
На граѓаните им беа делени едукативни летоци, а се со цел подигање на нивото на свест и почитување на законските регулативи.
Извор и фото: МВР
Facebook Коментари