Струшкиот Центар за култура збогатен со уште едно уметничко дело од уметницата Лида Шерафатманд

- Локални
523
Денеска просторот во Националната установа- Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга е побогат за уште едно уметничко дело. Станува збор за подарок -уметничка слика од уметницата Лида Шерафатманд насловена како „Заменувајќи ги капките дожд“.
 ,,Уметничкото дело е репродукција и е донација од Лида Шарафатманд во знак на повеќегодишната соработка со нашата установа. Идејата за креација на ова дело е нејзино лично спротивставување на немилите настани од заливската војна од 1991 година, каде авторката искусувајќи ги чадот, оганот и црниот дожд нам ни претставува можност за една светла иднина за една љубов и меѓусебно разбирање. Тоа е претставено преку светли бои, нежни линии.“-изјави за Strugaonline директорката на струшкиот Центар за култура, Николина Велкоска Глигороска
Имено, ова е трето уметничко дело на авторката Лида Шерафатманд кое го подарува на Ценатрот за култура во Струга, а нивната соработка со неа, како и со други уметници ќе продолжи и во иднина.
Strugaonline

Facebook Коментари