Струшките џудисти освоија 14 медали во Прилеп
Низата на фантастични резултати за Џудо Клубот „Дрим“ Струга продолжува, освоија 14 медали на Меѓународниот Натпревар „Прилеп Град Херој“ – Цевитана Куп, кој се одржа во саботата, 04.10.2025 година во Прилеп.
Во генерацијата 2015-2016, прво место-Златен медал за Ајлин Бајрамоска и Мила Стојанова, трето место-Бронзен медал за Ненад Костоски, Мелани Јакуповска и Елиф Тала.
Сергеј Блажески – 5 место а Славјан Чатарошкоски остана без пласман.
Во генерацијата 2013-2014, прво место-Златен медал за Давид Спироски, второ место-сребрен медал за Енил Ајдиноски и Мунир Ајдиноски, трето место-бронзен медал за Дамјан Пејоски.
Матеј Димитроски, Мартина Салви и Карим Идризоски – 5 место, додека Елеонора Јосифоска остана без пласман.
Во генерацијата 2011-2012, второ место-сребрен медал за Јован Наумоски и Севим Османоски, трето место-бронзен медал за Мила Стојмиловска, Џахид Османоски и Даниел Јосифоски.
StrugaOnline

