Учениците Георгиј Белкоќески ,Урим Камбероски и Горијан Лошкоски од основното музичко училиште Струга, од класата кларинет на професорот Мухамет Реџепоски, освоија први награди на Меѓународниот натпревар ,,Арт ин“ што се одржа во Кавадарци.
Како што информира професорот Реџепоски, за овој натпревар се подготвувале во текот на целото второ полугодие, а овој голем успех го постигнале во силна конкуренција.
,,За овој натпревар се подготвувавме многу посветено, и покрај тоа што станува збор за многу талентирани ученици кои трета година по ред изучуваат кларинет, не очекував три први места со оглед на тоа дека конкуренцијата беше доста голема. Има одлични кларинетисти и до другите градови, но за наша среќа се покажавме во одлично светло“-вели за Strugaonline професорот Мухамет Реџепоски.
Додава дека претходно Георгиј и Урим освоиле први награди на општинскиот и регионалниот натпревар, а на државниот натпревар освоиле втори награди.
Следен предизвик за струшките кларинетисти е натпреварот што оваа недела ќе се одржи во Косово.
Освен што е професот по кларинет, Реџепоски го води и школскиот оркестар.
Strugaonline
Facebook Коментари