Струшките основци од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга се вклучија во кампањата за поддршка на лицата со ретки болести.

Денес во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга, учениците од VI до IX одделение, со низа активности ја изразија својата поддршка за ретките болести.

-Изразуваме огромна благодарност до д-р Марина Бојческа која на учениците од VIII и IX им одржа предавање за ретките болести, додека учениците од VI и VII одделение со ред други активности се приклучија кон поддршката. Како училиште ја изразуваме нашата поддршка за ретките болести и нашите активности продолжуваат во текот на целиот месец, велат од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.

StrugaOnline
Facebook Коментари