Лев банер Десен банер

Струшките пензионери ја одбележаа 77 годишнината од денот на победата над фашизмот

Во организација на ОО на СБ од Струга, заедно со струшките пензионери предводени од претседателот на здружението Милорад Трпоски, делегација предводена од претседателот на СБМ-Струга, Ајредин Мемеди и секретарот Никола Попоски, положија цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во центарот на градот. Во делегацијата беа приклучени и од Општина Струга, предводена од градоначалникот на на општината Рамиз Мерко со делегација од Советот на општината, претставници на опоштинските организации на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и почитувачи на делото на Тито и голем број граѓани на Струга и Струшко, положија свежо цвеќе на споменикот на револуцијата.

9 Мај е светски празник и неговото одбележување со другите земји од антифашистичката коалиција претставува голема свеченост. И Република Македонија и Струга како дел од таа антифашистичка коалиција даде свој влог во победата над фашисзмот, затоа граѓаните на Струга и Струшко имаат голема заслуга за светскиот мир и треба да го празнува овој ден, историското значење на антифашистичката војна и 9 Мај –Денот на победата и Денот на Европа.

Во тешко извојуваната слобода на македонскиот народ, животите го загубиле повеќе од 24 000 борци, од кои 163-ца биле Стружани. Претседателот на борците со пригодни зборови на присутните ги наврати на спомените од втората светска војна, истакнувајќи: Да се памети но да не се повтори. Не се заборавија сеќавањата за Денот на Победата. Да се памети, но да не се заборави – истакна во завршните зборови претседателот на ОО на Сојузот на борците од Народно ослободителната војна во Македонија, Ајрадин Мемеди

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

error: