На 20-ти септември 2019 година ,во Радовиш се одржаа 24-тите Републички спортски натпревари на пензионери на Македонија.
На натпреварите учествуваа 504 учесници -пензионери спортисти од кои 240 жени (меѓу нив и седум од Струга) и 264 мажи кои се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини,во екипна и поединечна конкуренција.Струшките пензионери-спортисти освоија две втори места:жени шах и жени шутирање на мали голови.
Од струшките екипи,најдобар успех постигна Шенка Балтоска во шах за жени, а жените спортисти во категорија на гол во мал фудбал се вратија закитени со сребрени медали.
Средбите завршија со заеднички ручек со останатите пензионери, каде што беа доделени и наградите и се забавуваа со прекрасните звуци на ресторанската музика. Освен натпреварување. пред да стигнат во Радовиш , пензионерите ги посетија и манастирите во Струмица.
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
Facebook Коментари