Лев банер Десен банер

Струшките пензионерки традиционално ја прославија Василица

Како по некое не пишано правило, насекаде постарите жители не ги забораваат обичаите сврзани со разни верски празници и како верни чувари на вековните традиции тоа им го пренесуваат на младите генерации. Така беше и ова година, и по повод прославата на Стара Нова година- Василица, во Струга меѓу пензионерките.

По дваесет и девети пат и ова година по традиција Активот на пензионерките при Здружението на пензионери од Струга, на 13 јануари 2026 година, ја организираа прославата Стара Нова година-Василица. Во комплексот на одморалиштето на Црвен крст „Солферино“, овој ден го одбележаа и се дружеа над 80 пензионеки и пензионери.

Присутните ги поздрави Милорад Трпоски, Претседател на Здружението и ИО, при што им посака здравје, долг пензионерски живот, радост и среќа во Новата 2026 година, а воедно им го честиташе четириесет годишното постоење на Активот на пензионерките. На средбата се обрати и претседателката на Активот Елисавета Лазареска, кој им ги честиташе празниците на присутните. Богатата трпеза беше збогатена со поделување на струшкиот специјалитет ѓомлезец-кашаник со паричка, кој го имаше приготвено брачниот пар Слободанка и Дракче Шулеска кумата од минатата година на која и се падна паричката. За наредната година паричката ја усреќи Соња Милован Милошески која го презеде кумството.

ТЕКСТ И ФОТО: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

error: