Струшките талентирани музичари со одлични резултати на Државниот натпревар во Скопје

На државниот натпревар за млади музичари кој викендов се одржа во Скопје во организација на здружението „Хармонија МБ“, учениците од Државното музичко училиште -Струга ги постигнаа следниве резултати:
Категорија ТЕОРИЈА НА МУЗИКА
Зана Ајрора – прва награда
Категорија КОНТРАПУНКТ
Бојан Здравески – прва награда
Категорија МУЗИЧКИ ФОРМИ
Посебен успех постигна Андреа Тутенкоска, таа освои специјална и парична награда за освоени 100 поени во категоријата музички форми.
Категорија ХАРМОНИЈА
Наум Палоски – прва награда
Андреа Тутенскоска – втора награда
Ања Танеска –втора награда
Стефан Чеменкоски – втора награда
Емилија Крстевска – втора награда
Бојан Здравески – трета награда
Ѓорѓи Спасески – трета награда
Блин Нуши – трета награда
Исидора Костовска – пофалница
Категорија СОЛФЕЖ
Бојан Здравески – втора награда
Тимот на Државното музичко училиште Струга им упати честитки на ученците, нивните ментори, професорите Биљана Николоска, Вагнер Нуши и Снежана К. Попова за постигнатиот успех на натпреварите.
