Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 41-годишнито В.Ф. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
– Во текот на 2018 година пријавениот, како инвеститор, на катастарска парцела во Струга, на улица „Кеј 8-ми Ноември“, започнал да врши надградба на објект за индивидуално домување, спротивно на одобрението за градба и основниот проект, за што при извршен инспекциски надзор било донесено решение за отстранување на градбите, информираат од МВР.
Извор: МВР
фото: архива
Strugaonline
Facebook Коментари