Лев банер Десен банер

Стружанецот Георгиј Белкоќески од ОМУ Струга освои прво место на Светскиот натпревар „Охридски Бисери“ по Кларинет

Ученикот од основното музичко училиште „Струга“, Георгиј Белкоќески освои прво место на Светскиот натпревар „Охридски Бисери“ по Кларинет во конкуренција со учесници од Македонија и странство од класата на кларинет на проф. Мухамет Реџепоски.
Георгиј секоја година настапува на Меѓународни и наши државни натпревари и награден со први места, оваа година е добитник прво место на Меѓународниот натпревар во Кавадарци „Арт ин“, во конкуренција со учесници и од Македонија и странство.

Проф. Мухамет Реџепоски е водич и на школскиот Оркестар кој што оваа година имаа доста настапи за градот Струга како и хуманитарни настапи.

StrugaOnline

error: