Струга, 23. декември 2016 – Преубаво е чувството, пресреќни сме што ќе станеме родители. Долго време си го посакувавме ова и фала му на Господ што нѐ благослови, со овие зборови Даниел ни ја потврди веста дека наскоро ќе стане татко.
Вака за телеграф.мк ја објави радосната вест познатиот пејач со потекло од Струга Даниел Кајмакоски. Неговата сопруга Кристина Димитријеска е бремена во седмиот месец, а наследникот на Даниел треба да пристигне на почетокот на март, следната година.
– Бебето го очекуваме во почеток на март и само знаеме дека ќе биде машко, но за нас најважно е да е живо и здраво. Им благодарам на сите што секојдневно праќаат честитки на социјалните мрежи – вели Даниел.
Како што ни изјави познатиот пејач, бебето планираат да се роди тука, во Македонија, а понатаму да се школува во Виена, каде што е целото негово семејство.
Инаку Даниел и Кристина се повеќе од две години во љубовна врска, меѓутоа, како што и тој ни изјави, се труделе нивната врска да ја чуваат подалеку од очите на јавноста.
Даниел ја запросил Кристина веднаш по неговото учество на Евровизија, меѓутоа и тој момент сакале да го зачуваат само за себе.
– Уживавме, сѐ уште уживаме во сето ова што ни се случува на двајцата. Токму и поради тоа ме снема малку од сцената, но се разбира дека во скоро време повторно ќе се вратам да творам и да создавам музика, изјави Кајмакоски. (Крај)
извор: ОхридПрес
Facebook Коментари