Лев банер Десен банер

Стружанецот Коста Хиохи е новиот претседател на Веслачката федерација на Македонија

На редовното собрание на Веслачката федерација на Македонија кое се одржа на ден 15.02.2025 година, со присутни делегати од сите веслачки клубови од државава, едногласно беше избран м-р Коста Хиохи за нов претседател на федерацијата.

Коста е магистер по спортски менаџмент, долгогодишен спортски работник, тренер и селектор на македонскиот национален тим и професор по спорт во „Јахја Кемал“ Колеџ.

Хиохи, во поздравниот говор ја истакна благодарноста кон претходното раководство за домаќинското водење на федерацијата но најави и неколку организациски промени во правец на подобрување на спортските резултати преку формирање на подготвителни центри во Охрид и Струга и соработка со сите федерации членки на меѓународната федерација ФИСА, Министерството за спорт на Р. Македонија и Олимпискиот комитет.

StrugaOnline

error: