Стружанецот Ванѓел Наумоски со звукот на кавалот патува во нови светови

- Локални
2182

Седумдесетипет годишниот Ванѓел Наумоски од Мали Влај сега живее во Струга, веќе педесет години свири кавал. Посветено со многу љубов, тој секој дневно ги совладува тајните на овој инструмент, за кој вели дека не е многу тежок за свирење, но бара време за да се постигне саканата цел.

-Го одбрав кавалот како мој иструмент бидејќи е дел од нашата фолклорна традиција (која сакам да ја продолжам и да ја негувам).  Сакам да ги свирам и пеам народните песни што се дел од нашето културно наследство – вели овој талентиран пензионер.

За него милозвучниот звук на кавалот е можност да патува во нови светови.

„Кога свирам на кавал душата ми е полна,тој како да е дел од мене.“ – објаснува Наумоски

Стојан Кукунешоски/Strugaonline

 

Facebook Коментари