Сузана Ќушкоска: Сите активности на ЈП ,,Еремија“ имаат за цел Вевчани да стане синоним за чиста зелена општина

- Локални
1165
ЈП ,,Еремија“ со нов план на активности за подобра и поголема ефикасност на оперативниот дел, со целосна поддршка од градоначалникот, од ноември минатата година започна да ја остварува својата цел – Вевчани да стане синоним за чиста зелена општина.
,,Во претходниов период  од плевел и коров исчистени се сите паркови низ општината, засадени се цвеќиња, зелените садници се искастрении и обликувани. Ова се години претходно никогаш не беше направено. Облагороден е просторот пред Општинската зграда.Ставен е акцент на подобрување на моменталната поставеност при прибирање на комунален отпад со што би се подобрила хигиената и би имале почиста и поздрава животна средина.,,-изјави за Strugaonline, Г-ѓа Сузана Ќушкоска, директор на ЈП ,,Еремија“
Таа додава дека свеста за здрава животна средина кај вевчанци е голема, но секогаш има простор за зголемување, како на свеста, така и на начините за зачувување на природата.
Во рамки на активностите кои ги реализираат тимовите на ЈП ,,Еремија“ исчистено е и тениското игралиште во Вевчани, кое, како што вели Ќушкоска, со години било оставено во запуштена состојба.
Директорката појасни дека фокусот е ставен и на најубавиот и најавтентичен дел од општината –
Вевчанските извори што секогаш треба да бидат во најдобра состојба бидејќи освен за вевчанци, тие се и едно од најпосетуваните места на македонските и странските туристи кои го посетуваат Вевчани, не само во лето, туку во секој период од годината.
Strugaonline

Facebook Коментари