Лев банер Десен банер

Свечено отворање на 64. Балкански фестивал на народни песни денеска во Охрид

Вечерва на сцената „Долни сарај“ свечено ќе биде отворен 64. Балкански фестивал на народни песни и игри, најстарата фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.

Од 19.00 часот во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид ќе има Дефиле а во 20.30 часот во Долни Сарај – Охрид ќе има свечено отворање на фестивалот со програмата на КУД „Гердан од Бисери“ – Охрид и ансамблот за народни игри и песни на МАКЕДОНИЈА – ТАНЕЦ.
Сабота, 05. 07.2025 година од 19.00 часот во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид ќе има Дефиле а во 20.30 часот во Долни Сарај – Охрид ќе настапат „Неврокопски ансамбл за народни песни и танци”- Гоце Делчев, Р.Бугарија, ансамбл за фолклор “Гоце Делчев”- Битола, Р.Македонија и ансамбл „Бојмија“ Гевгелија, Р.Македонија.
Недела, 06. 07.2025 година од 19.00 часот во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид ќе има Дефиле а во 20.30 часот во Долни Сарај – Охрид ќе настапат Куд „Светозар Марковиќ“ – Нови Сад, Р.Србија, Куд „Јахи Хасани“- Чегране / Гостивар, Р.Македонија, КУД „Таше Милошевски“ – Ресен, Р.Македонија, Македонско КУД „Јане Сандански“ Мелбурн, Австралија.
Понеделник, 07.07.2025 г.од 20.00 часот во Долни Сарај – Охрид ќе има изложба и ревија на народни носии „Од Љубанишча до Дебор“ на струшкиот автор Љупчо Милошевски, од 21.00 часот ќе се има Етно Фест Охрид / Митан & Андријана Јаневска „Македонски Рози“.
Влез на 07.07.2025 ќе биде слободен, цена на карта 300 денари.
StrugaOnline

 

error: