Свети апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј

- Локални, Македонија
187

Православните верници денеска го одбележуваат споменот на Свети апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј.

Сите беа од Седумдесетте апостоли. Последните тројца се прославуваат и на друг датум, и тоа: Родион на 8 април, Сосипатар на 28-ми април, а Терциј на 30 октомври. Светите Олимп и Родион беа следбеници на апостолот Петар и кога тој пострада пострадаа и тие, на заповед од Нерон беа обезглавени.

Ераст беше најпрво економ на Црквата во Јерусалим, а потоа епископ во Панеада Палестинска. Кварт беше епископ во Бејрут, многу страдаше, но и многумина ги приведе кон Христовата вера. Сосипатар беше епископ во Иконија, а Терциј беше втор епископ во истата таа Иконија.

Духовно војуваа, станаа победници и зедоа венци на невенлива слава.

Извор: mpc.org.mk , фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари