Светски ден на крводарителството-Од јануари до јуни годинава во Струга имало 800 крводарувања

- Локални
234

Создавањето навика кај младата популација за дарување крв, континуитет во практикување на овој хуман чин и будење на свеста дека крводарителството е процес кој не може да се замени со ништо друго, се целите кои струшкиот Црвен крст ги потенцира како приоритет,  по повод денешниот Светски ден на крводарителството.

Според податоците, од јануари до јуни годинава во Струга се собрани 800 крвни единици.

-Црвен крст-Струга од почетокот на годинава до денес спроведе девет крводарителски акции, а бројката од 800 дарувања е вкупна и од крводарителските акции и од трансфузионите служби. Со оглед на тоа дека анализите се прават на годишно ниво, не би можела да кажам дали е ова доволна бројка, но најважен за нас е фокусот на будење на свеста за значењето на крводарителството кај најмладите-изјави за Strugaonline Адуриме Даути, секретар во струшкиот Црвен крст-Струга.

Таа додава дека следуваат традиционалните летни крводарителски акции и реализирање на целосниот план предвиден за тековната година, а доколку се појават специфични потреби, тогаш ќе се организираат и вонредни крводарителски акции.

На 14-ти јуни секоја година се одбележува Светскиот ден на крводарителството.

Во 1868 година, на денешен ден е роден Карл Ландштајнер, истакнат лекар, биолог и биохемичар, кој ги пронајде крвните групи и резус-факторот на крвните групи. Овој ден се одбележува токму во негова чест.

Strugaonline

Facebook Коментари