СВР Охрид има нови фиксни телефонски броеви

- Локални
787

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните дека изврши промена на фиксните  телефонски броеви. Така, досегашниот службен број на СВР Охрид, 262 010 и сите придружни броеви, не се во употреба и се заменуваат со  новите  броеви 219-100  и  219-111. За граѓаните надвор од Охрид, останува повикувачкиот префикс  046.

Со веќе поставената нова и современа телефонска мрежа во СВР Охрид, на граѓаните им се овозможува директно бирање до локалите во сите служби. Доколку, барате одредена служба од фиксен телефон, најнапред го бирате бројот 21  а потоа и бројот на локалот.  Ако  барате од  мобилен телефон, тогаш го избирате бројот 072 33 а потоа број на локалот. На тој начин, директно ја добивате службата или службеникот што ви се потребни.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари