СВР Охрид-Oпожарено возило на регионалниот пат Охрид-Струга, два физички напади

- Локални
536
На 20,08,2020 година, Д.Ѓ.(37) од Охрид, во полициската станица пријави физички напад извршен на улицата „Марко Цепенков“ од Љ.Т.(44) од Охрид, врз нејзиниот малолетен син, кој се здобил со телесни повреди. Против напаѓачот ќе биде поднесена пријава.
На 20.08.2020 година во СВР Охрид, телефонски е добиено известување за опожарено возило на регионалниот пат Охрид-Струга. Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за патничко возило „Форд Мондео“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.З.(23) од струшкото село Враништа. Интервенирала Територијалната против-пожарна единица од Охрид која го локализирала и целосно го изгаснала пожарот.  
На 19.08.2020 година, во 18.45 часот, на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.Д.(83) врз А.Љ.(39), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари