На 28-ми и 29-ти декември 2021 година, на подрачјето на СВР Охрид биле извршени сообраќајни акциски контроли.
– Притоа, кај 7 возачи (Охрид 6 и Струга 1) било констатирано дека управуваат моторно возило под дејство на алкохол и тие веднаш биле исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. Полициските службеници регистрирале и 10 возачи кои надвор од населено место возеле со брзина поголема од дозволената (Охрид 6, Кичево 1 и Дебар 3) и 9 возачи кои во населено место ја пречекориле дозволената брзина на движење (Охрид 2, Струга 6 и Кичево 1), информираат од СВР Охрид.
Facebook Коментари