На 04.04.2021 година во времето од 12:00 до 18:00 часот, при извршени контроли во сообраќајот, полициските службеници во Охрид регистрирале 31 пречекорување на дозволената брзина на движење (03 надвор од населено место и 28 во населено место), во Струга вкупно 32 (10-надвор од населено место и 22 во населено место) а во Дебар 05 непридржувања до пропишаната брзина на движење надвор од населено место. Возачите кои управувале моторно возило над дозволената брзина се соодветно санкционирани.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари