На 11-ти и 12-ти јуни 2022 година, во периодот од 23:00 до 02:00 часот на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени сообраќајни акциски контроли.
– Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 27 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид 10, Струга 9 и Дебар 8). Дополнително, од сообраќај се исклучени 21 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид 16 и Кичево 5). Ним им се одземени возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари