СВР Охрид со засилени сообраќајни контроли, за четири дена констатирани 136 прекршоци

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, во периодот од 05.03 до 08.03.2021 на подрачјето на СВР Охрид била спроведена засилена контрола на возачи и возила учесници во сообраќајот. Притоа, полициските службеници констатирале 136 прекршоци меѓу кои: 37 пречекорувања на дозволената брзина на движење, 03 случаи на непрописно престигнување, 4 технички неисправни возила, 3 случаи на управување возило без важечка возачка дозвола, 5 случаи на разговор на мобилен телефон во тек на управување моторно возило… Полициските службеници одзеле 4 моторни возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола подолго од 6 месеци. Во текот на контролата, кај 11 возачи било утврдено присуство на алкохол по што веднаш биле исклучени од сообраќај. За сите прекршоци изготвени се соодветни санкции.
Извор: СВР Охрид

