На 20-ти јуни со почеток во 18:00 часот во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи годишниот концерт на Студиото за танц ,,БАХ“. Тие секоја година имаат креативни наслови и балетски теми со уште покреативни кореографии, овој пат насловот е ,,Алиса во земјата на танцот“. За концертите на ова балетско студио не е потребна посебна најава со оглед на тоа дека цела Струга знае како е сето тоа секоја година професионално организирано и изгледа и звучи светски, а секогаш се бара и билет повеќе.
Деталите за овогодинешниот концерт ги дознавме од Тања, идеен творец и кореограф во Балетското студио ,,БАХ“ и Ирем Суло, член на Балетското студио БАХ која оваа година ќе ја има честа и одговорноста да го отвори концертот.
Целиот разговор можете да го проследите на следново видео:
Извор: Play radio
Facebook Коментари