Театар ,,Провокација“ наскоро гостува во Охрид со претставата ,,Пациенти“
Театар ,,Провокација“ гостува во НУЦК ,,Григор Прличев“ Охрид со претставата ,,Пациенти“ во сабота 10.12.2022 година со почеток во 20.00 часот, цена на карта е 200 денари, а претставата ќе се игра во голема сала.

Претставата е во режија на Ѓорѓи Ризески
Играат: Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов и Радо Алексовски
Сценографија: Роберт Ристов
Автор на ликовно сценски решенија: Игор Љубовчевски Љубац
„ПАЦИЕНТИ“ е насловот на најновата хит- комедија на ТЕАТАР Провокација.
Ова е претстава за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот. Ова се ситуации во кој ќе се препознаеме сите ние и нашите најблиски во моментите кога си дозволуваме да се разгорат оние „дебати“ во кои не ги бираме зборовите и средствата, само за да излеземе во право, во кои целиме што повеќе да повредиме бидејќи се чувствуваме повредено.
Тој – хроничен алкохоличар, таа – хистерична аждаја. Не знаеш кој заради кого го сменил својот облик на битисување.
Ова е претстава која е огледало на ситуациите од нашите животи. Дополнителен квалитет е тоа што брачната актерска двојка Мирјана и Роберт Ристов, несебично го внесува своето емпириско искуство, со цел огледалото да стане што појасно и пореално. Улогата на Доктор Доце му е доделена на младиот и талентиран актер Радо Алесовски.
