Лев банер Десен банер

Театарска претстава „Младиот Чорбаџија“ вечерва во Охрид

Во рамки на циклусот културни настани за деца што ги организира Општина Охрид, денес на сцената кај ТЦ „Амам“ со почеток во 18:30 часот ќе се одржи претставата „Младиот Чорбаџија“ во изведба на актерите од „Театар Хит“ од Скопје.

Претставата е работена според мотивите на делата од Марко Цепенков. Целта на настанот е на децата да им се долови културното творештво преку театар, а ќе се укаже на клучни нешта битни за нивно правилно воспитување и осознавање на вистинските вредности. Однесувањето кон семејството и семејните вредности, почитта, хуманоста, етичките и моралните вредности се само дел од пораките кои се настојува да се пренесат до најмладите.

Играат актерите: Магдалена Ризова Черних, Сашо Ристовски, Бранко Атанасов и Ема Давчева.

StrugaOnline

error: