Театарската престава “КУМОВИ” од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин, повторно на репертоарот на охридскиот театар во петок 28.02.2025 година со почеток во 20.00 часот.Во претставата играат актерите: Адријана Билаловиќ – Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска- Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.
Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороска – Петреска, сценографијата на Татјана Христоска – Бажевска, а костимографијата на Марија Пупуческа.
Карти во продажба на билетара од денеска, понеделник (24.02.2025), цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.
StrugaOnline
Facebook Коментари