Со изведбата на театарската претстава „Црвенкапа“ на „Палата Арт“ продукција, вечерва продолжува програмата за деца на општина Охрид насловена „За сите деца“, под мотото „Културата расте со децата“.
Претставата ќе се игра на сцената кај ТЦ „Амам“ со почеток од 20:00 часот.
На различни локации на отворено, програмата започна на 21-ви јуни, а ќе трае до 6-ти октомври. Културно-забавните настани и активности се одржуваат секој петок во наведениот период и се наменети за деца до 12 години.
Strugaonline
Facebook Коментари