Тече рокот за пријавување за 31-то издание на Меѓународниот Атлетски Маратон Охрид 2017

- Локални
1062

Во тек е пријавувањето за 31-то издание на Меѓународниот Атлетски Маратон „Охрид 2017“ кој продолжувајќи ја својата долгогодишна традиција ќе се одржи на 8-ми септември

Покрај стандарната трка од Св. Наум од Свети Наум до Охрид долга 30 километри, во склоп на маратонот годинава ќе има и трка на 5 километри.

Органозатор на атлетскиот маратон е здружението  „Охридски Атлетски Маратон 2012“

Сите заинтересирани можат да се пријават на следниов ЛИНК.

Маратон се одржува од 1976 година, а се до 1993 година на 7 ноември – Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна. Од 2004 година наваму маратонот добива меѓународен предзнак, и со исклучок на 2011 година, се одржува секоја година по повод Денот на осамостојувањето на РМ.

 

 

 

 

Facebook Коментари