Тематска изложба „Водни животни“ во струшкиот музеј

- Локални
1541

НУ Музеј д-р Никола Незлобински – Струга подготвува тематска изложба – Водни животни со која ќе ги одбележи ,,Европските денови на културното наследство.“

„Ова е прва самостојна изложба на нашиот препаратор Васко Јолески во состав на биолошкото одделение под раководство на кустос биолог Данче Аџиоски. На оваа изложба ќе бидат изложени препарати од водни животни препарирани од нашиот препаратор. Изложбата ќе биде отворена на 22 септември 2017г. петок во 12.00 часот во нашиот Природно – научен музеј и ќе биде достапна за сите посетители кои ќе сакаат да ја видат. Изложбата ќе биде поставена до 28 септември 2017 г. четврток.“ – информираат од НУ Музеј д-р Никола Незлобински.

Strugaonline

Facebook Коментари