Тестирање за доделување стипендија во ПСУ „Јахја Кемал“ – Струга

- Локални
168

​ПСУ „Јахја Кемал” објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование на кој може да се пријават ученици од деветтите одделенија на веб-страницата на училиштето ykc.edu.mk , Рокот за пријавување е до 13 април.На тестирањето за стипендии: ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата. Тестирањето за стипендии ќе се полага на Македонски, Албански, Турски и на Англиски јазик. За тестирањето не е задолжително познавање на Англискиот и на Турскиот јазик.

​Доколку учениците се рангираат на првите 25 места на тестирањето ќе добијат попусти од износот на школарината

1. место 100%, 4. место 70%, 7-8 место 40%,
2. место 90%, 5 место 60%, 9-10 место 30%
3. место 80%, 6 место 50%, 11-20 место 20%, и 21-25 Место 10%.

​Тестирањето за стипендии ќе се одржи на 13 април (недела) во 11 часот.

​За ПСУ „Јахја Кемал”- Струга ќе се полага во самото училиште а во другите градови како што следи: ООУ „Санде Штерјоски“ – Кичево и ООУ „Пенестиа“ – Дебар.

StrugaOnline

Facebook Коментари