Тетатарот кој се смее, пее и танцува вечерва на „Охирдско лето“ – уметноста на „Меџик Нешнл“ ќе царува во Охрид

- Локални
920

Фестивалот „Охридско лето“ во своето 57-мо издание продолжува и вечерва да го поплочува Патот до Магијата.

Во рамките на богатата програма вечерва од 21:00 часот, во предворјето на црквата „Св. Софија“ ќе биде одиграна театарската претстава – концертно шоу „Меџик Нешнл“ во изведба на Националниот театар „И.Л. Карагиале“ од Букурешт, Романија, а во  режија на Јон Карамитру

Националниот театар се смее, пее и танцува во едно театарско шоу, и е уште една прилика да се осврнеме на радоста на една вечно нова и носталгична музика.

Со ретро провејување, но во современ ритам, концерт-шоуто ќе донесе познати актери, без маска, само со музика.

Facebook Коментари