Тимот на ,,СН Финансии“ со новогодишни пакетчиња ги израдува дечињата од детската градинка ,,Пеперутка“

Финансиското друштво ,,СН Финансии“ ги израдува најмладите во Струга. Тимот на оваа општествено одговорна компанија денеска оствари посета на детската градинка ,,Пеперутка“ и им подели новогодишни пакетчиња на дечињата.

,,Бевме пречекани од страна на директорката на градинката, воспитувачката и весели и распеани дечиња. Атмосферата беше прекрасна. Нашата цел беше да предизвикаме насмевка на лицата на дечињата, а тие ни ја покажаа нивната искрена радост. Пакетчињата се само мал гест со кој сакаме да испратиме порака, дека вистинско општество е она кое ги радува најмалите меѓу нас. На сите деца им посакуваме безброј среќни мигови во новата 2022 година.,, – изјавија од тимот на СН Финансии.
Strugaonline
