По успешното отпочнување на проектот „Волонтирај и покрај попреченоста – ВоБеХа“ претходно оваа година во Истанбул, вториот транснационален проектен состанок се одржа во Струга на 22 и 23 јули 2025 година. Овој состанок беше стратешка пресвртница во унапредувањето на можностите за инклузивно волонтирање во спортот за млади лица со попреченост.
На состанокот покрај домаќинот тимот на Соларис учествуваа и партнерските организации од Турција (Клубот Каргенц) и Хрватска (Заедница на спортови на Дубровник) зајакнувајќи ја заедничка мисија: да се надминат бариерите и да се создадат еднакви можности за волонтирање на спортски настани без разлика на способностите.
Во текот на двата динамични дена, партнерите се фокусираа на преминот од проектната фаза на планирање кон фазата на локална имплементација. Клучните сесии вклучуваа презентација на Прирачникот за волонтери со пет практични модули за инклузивно волонтирање, управување со спортски настани и логистика, управување со објектот на спортскиот настан и организација на натпревари. Партнерите, исто така, дискутираа за дизајнот на обуките и спортските настани, алатките за нивно следење и оценка, процесот на избор на амбасадори на ВоБеХа. За крај се продискутира координацијата на улогите на партнерите со нивните волонтери за атлетските трки на Du Motion 2026 во Дубровник
Проектот VoBeHa продолжува со спроведување на локални обуки и активности за ангажирање на волонтери на спортски настани во Северна Македонија и Турција, што води кон меѓународниот настан во Дубровник во 2026 година. Со промовирање на еднаков пристап до можности за волонтирање, VoBeHa поддржува социјална инклузија, личен развој и активно граѓанство.
Волонтирај и покрај попреченоста – ВоБеХа е мал проект од програмата Еразмус + Спорт кофинансиран од Европската Унија. Проектот има за цел да им овозможи на младите луѓе на возраст од 18 до 30 години со попреченост да преземат активна улога во спортското волонтирање, создавајќи на тој начин инклузивни спортски заедници.
StrugaOnline
Facebook Коментари