Тимот на спортската манифестација ,,Трка на поезијата“ објави повик за волонтери.
,,Биди и ти дел од Трка на Поезијата, биди волонтер, заедно да ја промовираме Струга во едно поинакво светло, светло на спортот и здравјето, дружи се со нас и помагај им на другите да успешно ја остварат својата цел, ова е втора Трка на Поезијата, но пред нас е вистински предизвик и се надеваме дека ова ќе прерасне во традиција и историја, биди дел од едукацијата на младата популација, биди и ти дел од организацијата на Трка на Поезијата.,, – стои во повикот.
Пријавувањето се врши на следниов ЛИНК
Maнифестацијата ,,Трка на поезијатa“ на 22-ри мај годинава ќе го има своето второ издание под мотото ,,Трчаме рецитираме.“
Strugaonline
Facebook Коментари