ТППЕ-Струга доби донација од Дирекцијата за заштита и спасување

- Локални
463
Струшката Територијална противпожарна единица Струга денеска доби нова опрема од Дирекцијата за заштита и спасување. Опремата содржи повеќе видови на алати, спасувачки систем за стабилизирање и подигање при елементарни непогоди, комплексни сообраќајни незгоди, како и опрема наменета за спасување од поплави,кои можат да се користат при интервенции на несреќи и елементарни непогоди.
 Градоначалникот Рамис Мерко изрази голема благодарност за донацијата но и за досегашната и идна соработка со ДЗС и директорот Беким Максути.
“Оваа донација е од огромно значење за противпожарната единица во Струга, но и за сите граѓани на Општина Струга и регионот, со цел обезбедување на нивна заштита и безбедност кога е најпотребно“, истакна Мерко.

Facebook Коментари