ТППЕ Струга доби нова и современа опрема

- Локални
927

По  шест години, Општина Струга обезбеди нова и современа опрема за ТППЕ Струга со што ќе зголеми ефикасноста на работата на пожарникарите.

„ТППЕ Струга според планот и програмата за 2019 година ја реализираше постапката за набавка и модернизација на опремата во ТППЕ Струга. Со оваа набавка општина Струга ја обнови опремата и ја подобри ефикасноста во ТППЕ Струга а до тоа придонесе и за поголема безбедност на граѓаните на Општина Струга.“ – стои во соопштението од ТППЕ Струга.
„Новата противпожарна опрема значително ќе им ја олесне работата на пожарникарите, а со тоа ќе придонесе и поголема безбедност на граѓаните на Општина Струга.“ – велат од Општина Струга.

Набавени се нови противпожарни апарати, противпожарни црева, турбо-мласници, напартњачи и останатата потребна опрема за работа на пожарникарите.

Strugaonline

 

Facebook Коментари