Лев банер Десен банер

ТППЕ Струга и ЈП Комунално Струга ќе вршат миење на најфрекфентните улици во општина Струга

Со одлука на градоначалникот на општина Струга, се известуваат граѓаните на Општина Струга, дека во текот на денешниот ден Територијалната противпожарна единица Струга заедно со ЈП Комунално Струга ќе се врши миење на најфрекфентните улици во општина Струга, пристапот до јавните здравствени установи и други места, а во раните утрински часови ќе се врши целосна дезинфекција на истите. Поради тоа, се замолуваат граѓаните да ги тргнат своите возила од улиците и да ги паркираат на соодветно место за полесно и поефикасно извршување на својата работа.
Воедно, Ве замолуваат да останете дома и да ги почитувате мерките донесени од Владата на Република Северна Македонија. Во овие тешки мигови безбедноста на граѓаните на нашата општина треба да биде на највисоко ниво. Тоа можеме да го постигнеме само со заедничка соработка и поголема свесност кај секој од нас. Седете дома и спасете живот.

StrugaOnline

error: