Поради зголемениот број на пожари во текот на месец февруари и март, како и поради претстојните земјоделски активности, ТППЕ Струга апелира до граѓаните од Општина Струга да ги преземат сите превентивни мерки за заштита од пожари на отворен простор, односно да не ги палат стрништата, отпадоците и меѓите на нивите бидеќи брзо можат да се прошират наоколу и пожарот да излезе од контрола , а со тоа да предизвикаат и материјални и други последици од големи размери.
„За намерно предизвикан пожар се оди во затвор. Од шест месеци до пет години затворска казна предвидува членот 288 од Кривичниот законик кој се однесува на предизвикување општа опасност. Со оваа казна се соочуваат сите оние кои намерно ќе предизвикаат пожар, но и оние кои ги палат стрништата , а притоа огнот излезе од контерола. Ги молиме надлежните за ги засилат контролите и да ги пронајдат сторителите на овие немили настани. Поради овие дејствија се става во опасност безбедноста на граѓаните и нивните материјални добра бидејќи ресурсите кои ги поседува ТППЕ Струга мораат да се насочат на таквите дејствија.“ – предупредуваат од Територијалната противпожарна единица во Струга.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари