КУД „Илинден“ на 17 јуни по 34-ти пат ќе го одржи својот годишен концерт во големата сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Станува збор за традиција која се негува од 1983 година и на едно место ги собира сите љубители на културата и уметноста. На концертот ќе се претстават сите 250 членови поделени во седум групи според возраста, оркестар и школа за изучување на музички инструменти како и пејачка група.
КУД „Илинден“ е под раководство на Круме Котески, а за кореографските постановки задолжени се Љупчо Милошески и Емилија Матлиоска. Оркестарот е под раководство на Николче Стојанчески, а пејачката група ја води Ангел Стојкоски.
Годишниот концерт е закажан за 17 јуни со почеток во 20 часот, цената на билетите изнесува 100 денари. Билетите се пуштени во претпродажба и можат да се набават од понеделник до сабота во просториите на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари