Традиционално, по осми пат во Струга ќе се одржи Свечена Ѓурѓовденската литија. Стружани и гостите, светите мошти на Св Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона кои се вистински благослов за градот ќе ги дочекаат на 7 мај ( недела). Настан кој сите сo посебна радост го очекуваме. Продолжува традицијата на свечено и достоинствено одржување на литијата со оркестар, кошнички со цвеќе и празнични знаменца. Ако се земе во предвид искуството од изминатите години, се очекува на 7 мај во Струга да има илјадници граѓани од сите краишта на Македонија. Свечената литија која се одржува во Струга е призната како дел од културното наследство на Република Македонија.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари