Лев банер Десен банер

Трајановски: Натпатникот кај Подмоље во функција до крајот на следниот месец

Интезивно работиме на реализација на проектите кој ќе обезбедат брз и сигурен пристап од и до населените места кои гравитираат долж автопатот Кичево-Охрид, истакна вчера директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.

– Денес започна поставувањето на бетонските греди на натпатникот кај Подмоље, а планот e до крајот на следниот месец комлетно натпатникот биде ставен во функција, истакна Трајановски.

Додаде дека за многу скоро од денес ќе се вози по новата автопатска делница од селото Клименштани до Охрид или целосно како автопатско решение ќе бидат ставени во функција дел од делница 4 и комплетно делница 5.

StrugaOnline

error: