Трајна поставка за природа во Вевчани едукативен центар за сите посетители
Трајна поставка за природа ,,Патување низ природните богатства на Вевчански Извори” во Мултикултурен Центар во Вевчани ги запознава сите посетители со природните вредности и реткости на заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански Извори и планината Јабланица.

. -Трајната поставка е еден вид на едукативен центар при посета на Вевчани од основните и средните училишта со цел спроведување на еднодневни екскурзии, како и за туристите, студентите и сите љубители на природата. Поставката е исполнета со забавни и едукативни содржини за сите возрасти и е изработена на македонски и англиски јазик.-информираат од Еко-свест Вевчани.

Додаваат дека во комбинација со едукативните активности во природа, како и акциите со граѓанска наука, оваа изложба го комплетира едукативното искуство за сите љубители на природата.

Поставката е изработена и поставена од Еко-свест како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.
Strugaonline
