Трето издание на „Вкусете го Охрид – локално“ на 27-ми јули

- Локални
389

Слоу фуд Охрид по третпат ќе го организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“ на 27 јули на плоштадот кај Долна Порта со почеток во 19:00 часот.

Посетителите и оваа година ќе имаат можност да вкусат охридски и македонски специјалитети приготвени на традиционален начин.

Организаторите објаснуваат дека нивниот пристап се заснова на концепт за храна што е дефиниран со три меѓусебно поврзани принципи: добра, чиста и правична.

-Добра храна значи квалитетна, вкусна и здрава. Чиста храна е храната прозведена на начин што не и штети на животната средина, кога велиме ,,фер или правична“ мислиме на достапни цени за потрошувачите и правични услови и плаќање за производителите. Слоу Фуд-Охрид е дел од слоу Фуд Македонија и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна-велат од  движењето Слоу Фуд-Охрид.

Настанот „Вкусете го Охрид, локално“ е поддржан од  Општина Охрид и „Слоу Фуд Македонија“ .

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари