Трилер-комедијата „Балканска 3а/2“ наскоро пред охридската публика

- Локални
615

Трилер-комедијата „Балканска 3а/2“ во режија на Ана Батева  во четврток, 10-ти октомври е  на репертоарот на Охридскиот театар.  

Играат: ИЛИЈА – Стрезо Стаматовски, МИРНА – Елизабета Стефановска, АРСЛАН – Филип Кипровски, ПОТСТАНАРОТ – Никола Тодоровски
„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие;
„Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење;
„Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.

Автор на музиката во претставата е Стефан Здравески. 

Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

Strugaonline

Facebook Коментари