,,Трка на поезијата 2022“- Во тек е пријавувањето за најдобра необјавена творба на тема „Мојата трка“

- Локални
611
Меѓународната спортска манифестација „Трка на поезијата“ во организација на здружението „Спортски мостови“- Струга, на 15-ти овој месец, распиша конкурс за најдобра необјавена творба на тема „Мојата трка“. Така, Струга ќе трча не само атлетски, туку и во својот поетски дух.
,,На конкурсот можат да учествуваат авторикои ќе пратат една своја необјавена песна на темата, на email адресата: [email protected]. Во рамки на пораката треба да се испрати и име и презиме и телефон за контакт. Поезијата може да се испраќа до 10.05.2022. На прес-конференцијата ќе биде објавен најдобриот учесник.,, -информираат од ,,Трка на поезијата“.
Поетскиот конкурс ќе го координира тричлена жири-комисија составена од: д-р Мерсиха Исмајлоска, доктор по филолошки науки, м-р Ивана Андоноска Спасовска, магистер по правни науки и м-р Билјана Тодоровска, магистер по драматургија, минатогодишен добитник на поетската награда.
Strugaonline

Facebook Коментари