Tрка со патки и „Пиво фест“ денеска во Струга

- Локални
469

Tрка со патки и „Пиво фест“ денеска во Струга, програмата на трката со патки ќе започне во 17:00 часот, водител ќе биде Батко Деко и Жанко Зш. Трката ќе започне два часа подоцна, односно точно во 19:00 часот 1000 пластични патки ќе бидат пуштени од Мостот на поезијата. Најбрзата патка ќе добие 1000 евра (односно сопственикот на билетот кој ќе го има бројот што ќе го носи најбрзата патка).

Трката со патки има и своја хуманитарна цел, дел од средствата ќе бидат донирани за деца со посебни потреби.

Организаторите информираат дека се останати уште малку билети, кои можат да се набават во Кочва мала и Пицерија Ангела.

Истата вечер во 20:00 часот во Кочва мала ќе започне третото издание на „Пиво фест“, каде ќе ве забавуваат Група „Паблик Бенд“, Христијан Миладинов и Доно.

Strugaonline

Facebook Коментари