Tркалезна маса „Струга е град пријател на младите“ утре во хотел ,,Дрим“

- Локални
1283

Младински Сојуз – Крушево заедно со партнерот Центар на заедницата на Општина Струга на 19-ти aвгуст, 2020 ќе ја имплементира тркалезната маса „Струга е град пријател на младите“ од 11.30 до 13.30 часот, во хотел Дрим, Струшки Кепенци.

Целта на проектот е  развој на вештини на релевантни засегнати страни (млади луѓе, младински работници, претставници на локални младински совети, локални носители на одлуки) за поддршка на создавање градови пријатели на младите. Тоа значи, градовите се отворени за младите луѓе и целосно го поддржуваат нивниот раст и развој.

На тркалезната маса учество ќе земат, релевантни претставници на Општината, релевантни претставници на граѓански и младински невладини организации и  млади луѓе.

Проектот „Град-Пријател на Младите “ е поддржан од Амбасада на САД во Северна Македонија и  се стреми да ја подобри состојбата на  младинските политики, стартегии и механизми на локално ниво.

Strugaonline

Facebook Коментари